Премиера на две композиции од Дарија Андовска во Токио и во Скопје

Во Операта во Токио на 4 ноември 2024 година, премиерно беше изведена композицијата „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ја изведе заедно со „Tokyo Vranec Chamber Orchestra“, под диригентската палка на Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

Исто така завчеравечер во Скопје, пак, беше светската премиера на композицијата „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за ансамблот „Altus New Breath“, а беше изведена од Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.


Дарија Андовска е една од најплодните, најреномирани и најизведувани македонски композиторки на светските подиуми. Таа е редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде што моментално ја извршува функцијата декан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …