Премиера на документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”


Вечерва во Младинскиот Културен Центар во Скопје, со почеток во 19:00 часот, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Промени го крајот на нечија приказна”, изработен во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација” финансиран од Европската Унија.

Документарниот филм, во продукција на „Види вака“ ги следи животните приказни на пациенти, донори и медицински професионалци кои се дел од системот за трансплантација, прикажувајќи ги предизвиците и успесите во оваа важна област на медицината.


Органодонорството претставува еден од најблагородните чинови на солидарност и хуманост. Во нашата држава, како и во светот, илјадници пациенти чекаат за трансплантација која буквално значи втора шанса за живот. Секој донор може да спаси до осум животи и да го подобри квалитетот на живот на многу повеќе луѓе.

Системот за трансплантацијa бележи континуиран напредок, но сè уште се соочува со предизвици во поглед на свеста за донирање органи. Самиот проект направи позитивни поместувања во системот а иницијативи како овој филм се од клучно значење за едукација на јавноста и разбивање на стереотипите поврзани со органодонорството.


Режисерка и сценаристка: Христина Ѓорѓиевска Илиевска
Сниматели: Лоран Бајрами, Горан Бошковски
Дрон: Лоран Бајрами
Монтажер: Никола Јакимов
Продуценти: Мите Кузевски, Горан Игиќ
Продуцент супервизор: Небојша Илијевски
Истражувачки и теренски продуцент: Адријана Георгиев
Главна и одговорна уредничка: Христина Ѓорѓиевска Илиевска
Соработници: Бјанка Станковиќ, Љубица Иванова и Ангела Петровска

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

37 издание на Саем на книга во Скопје: Негување на книжевната култура и љубовта кон книгите

Убавината на книгите е во тоа што тие не разликуваат возрасти, родови, ниту граници – …