Предизвикот на преведувањето на книжевниот великан Тонкин

Денес, од 19:00 часот, во Салон 19:19, Културно Информативниот Центар ве поканува на несекојдневен настан посветен на преведувањето на енигматичниот „Силмарилион“. Со двете одлични и искусни преведувачки, авторки и познавачки на магичната литература – Ирена Јурчева и Мерсиха Исмајлоска, предводени од авторката и лекторка Виолета Танчева-Златева, ќе ги расчистиме јазичните и стилски дилеми и многуте предизвици што се испречуваат на патот на преведувачите кога ги пренесуваат на нашиот јазик и во нашиот културен контекст фантастичните идеи на големите книжевни великани каков што е Толкин.

Во фокусот на оваа своевидна работилница за преведување ќе биде преводот од Ирена Јурчева на култното дело „Силмарилион“. Токму поради Толкиновата богата имагинација, посебниот јазик и речник, заедно со цел свет измислени суштества, потребен е сериозен преведувачки и толкувачки пристап на ова фантастично и капитално дело на светската литература.


Никола Коларовски, пак, изведувајќи филмски нумери на пијано, ќе придонесе присутните да се чувствуваат како да се излезени од некоја сцена од оваа книга.

Ве очекуваме!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ

Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, денес, во 12 часот, …