Предавање: „Клубската култура како политички мегдан“ со диџејката Соња Исмаил

На 13 ноември во 18:00 часот во Котур ќе се одржи предавањето со наслов „Клубската култура како политички мегдан“ на кое диџејката Соња Исмаил ќе зборува за политичкиот потенцијал на диско подиумот.

Во ова предавање ќе се обидеме да ги реобимислиме значењата на тоа што е политичко и каде сѐ зборуваме за политика. Обидувајќи се да погледенеме во клубската култура како место коешто им припаѓа многу често на младите, маргинализираните, но и оние што често пати се исклучени од мејнстрим просторите каде што се отвораат политичките прашања, ќе разговараме за нови димензии за тоа каде и под кои услови настанува критичката политичка мобилизација и во какви форми. Низ своето долгогодишно искуство како диџејка, Соња ќе ни даде увид во одговорноста на креирањето на вакви простори, како и улогата што учесниците во ноќниот, клубски живот ја имаат во одржувањето на ваквите простори и нивната субверзивеност.


Сите заинтересирани учесници треба да ја пополнат апликацијата на линкот: https://forms.gle/ykhPn3NzcU33nji36

Програмата за активно граѓанство е дел од проектот „Промоција на младински активизам и граѓанско учество“ спроведуван од Здружението за едукативен развој – Еквалис, а финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …