Предавање – Финансиска слобода во 10 чекори: инспирирано од светскиот бестселер „Психологија на парите“

Започни го патот кон финансиската слобода! Како дел од ТРИбина, го организираме првото предавање посветено на финансиите, а за тоа избравме една од највлијателните книги на денешницата – „Психологија на парите“. Придружи се на трибината „Финансиска слобода во 10 чекори“ денес, во 18 часот, во Јавна соба. Експертите од „PP Investment Education“ ќе покажат како да размислуваш за парите низ 10 лекции инспирирани од книгата, кои би ти помогнале на патот кон финансиска стабилност и независност.

На ова предавање ќе имаш можност да научиш:
– Како размислувањето за парите влијае врз твоите финансиски одлуки
– Да создаваш здрави навики што ќе те одведат до финансиска стабилност
– Како да го иницираш патот кон долгорочна финансиска независност
– Како психошките аспекти се одразуваат во светот на финансиите…


По предавањето ќе следува дискусија, во која предавачите ќе можат да одговорат на вашите прашања, како и да ви дадат практични совети и решенија за проблемите и пречките со кои се соочувате.

Без разлика дали си на почетокот на твојот пат кон финансиска слобода или бараш нови совети и стратегии, оваа трибина ќе те запознае со практични алатки и јасни чекори за успех.


Влезот е ограничен, а билетите чинат 500 денари. Вклучени се консумација и пригодни подароци, се вели во објавата од организаторот на овој настан.

Не пропуштај ја шансата да започнеш со градење на својата финансиска слобода!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …