ПРЕД НАС НАЈДОЛГИОТ И НАЈИЗРАЗЕНИОТ ТОПЛОТЕН БРАН ОВА ЛЕТО: Температури и над 40 степени, во најтоплите предели можни се температури дури и до 45 степени

Метео прогноза на Славчо Попоски:

До крајот на оваа, како и во текот на следната седмица ќе се соочиме со најдолгиот и по се изгледа најизразениот топлотен бран ова лето. Температурите кои ги очекуваме ќе бидат навистина екстремно високи, па така тие во најголем дел од нашата Македонија ќе се искачат до околу, па и над 35 степени.


Во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе се искачи и над 40 степени, локално дури и во интервалот помеѓу 43 и 45 степени.

Ув индексот ќе има многу висока, до екстремно висока вредност 9, па токму поради ова апелираме граѓаните да не излегуваат кога е најтопло, односно во периодот од 11 до 17 часот, но и да пијат повеќе течности.


Во Скопската котлина во следните денови температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 39 и 41 степен. Секако во поголем дел од државава очекуваме и тропски ноќи, односно температурите во ноќните и во раните утрински часови нема да се спуштаат под 20 степени.

Локално во попладневните часови е можна и појава на изолирана нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток кога е можна и појава на краткотрајно локално невреме.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: На денешен ден во 2010 година почина истакнатиот македонски карикатурист Делчо Михајлов

Делчо Михајлов е роден на 27 ноември 1947 година во Скопје. Тој беше македонски карикатурист, …