Пред 38 години, на 18 септември 1986 година, членовите на групата „Црвена Јабука“ доживеаја тешка сообраќајна несреќа во Јабланица додека патуваа на концерт во Мостар.
На 18 септември 1986 година, членовите на групата „Црвена Јабука“ доживеаја тешка сообраќајна несреќа во Јабланица додека патуваа на концерт во Мостар.
Аљоша Буха, басистот на групата, починал на местото на несреќата, а Дражен Ричл (познати како Зијо и Пара) се здобил со сериозни повреди. Починал во болница на 1 октомври истата година.
Нивниот концерт на стадионот Кантаревац во Мостар се најавуваше долго време, а требаше да го означи почетокот на амбициозната турнеја на младиот бенд.
View this post on Instagram
„Фановите на нивниот препознатлив музички израз го исполнија Кантаревац до последното место. Концертот на ‘Црвена јабука’, сепак, не се одржа. Ниту пак ќе се одржи некој друг со истиот состав…“, објави тогаш Југопапир.
Членовите на бендот попладнето од Сараево тргнале со три автомобили и мало камионче со инструменти кон Мостар. Во Фичо седнале бас гитаристот Аљоша Буха, солистот Дражен Ричл Зијо и возачот Златко Арсланагиќ. Дражен Жериќ и Дарко Јелчиќ возеле зад нив во Голф.
Веднаш зад Јабланица кон Мостар, Жериќ и Јелчиќ, како и претставниците на „Атлас“ од Зеница, организаторите на турнејата, во „Застава 1500“ наишле на поголема група на луѓе собрани околу здробеното Фичо. Немале време да обрнат многу внимание бидејќи брзале на концертот.
За жал, нивните колеги биле на тоа Фичо. Автомобилот се занел во остра кривина, се свртел на левата страна и со силен тресок се судри со камион со регистрација од Вршац.
Смртта на двајцата млади музичари одекна низ Југославија, а истата година во Скендерија се одржа концертот на „Црвена јабуак“ – „Песна за Црвена јабука“, посветен на трагично загинатите Ричл и Буха.
Фото: Принтскрин/Facebook