Прашање за приоритети – Зошто Метју Меконахи одбил улога од 15 милиони долари: Причината ќе ве изненади

Актерот Метју Меконахи е познат по бројните улоги, но и по својот јасен став за разликата помеѓу успехот и парите. Во гостувањето во подкастот Modern Wisdom, тој открил зошто одбил улога од 15 милиони долари.
Тој изјавил дека чувството на исполнетост и среќа му се поважни од многуте заработувачки кои би донеле големи улоги.
„Парите и славата станаа синоним за успех. Кој има повеќе е победник. За мене профитот има поинакво значење. Има разлика помеѓу успехот и профитот. Профитот ви се враќа, но не само преку бројките на сметката“, рекол тој.

Меконахи тврди дека ги цени парите, но многу финансиски успешни актери како него не се задоволни со животот затоа што немаат вистинска цел во животот.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Matthew McConaughey (@officiallymcconaughey)


„Многумина го загубија компасот. Тие само бркаа заработка и немаа ниту врски ниту смисла во животот“, рекол тој.

Ова не е првпат да одбива улоги кои би можеле да му донесат голема заработка. Во 2012 година, тој за „The Guardian“ зборувал за откажувањето од романтичните комедии и тогаш рекол: „Ги сакав, беа добро платени, беше забавно, но не бев сигурен дали сакам да продолжам по тој пат. Сакав нешто што потполно ќе ме исполни“.
Во 2008 година, актерот одби улога во филмот „Magnum P.I.“. иако за тоа му биле понудени 15 милиони долари. Набргу потоа прифатил улога во филмот „Dallas Buyers Club“ за кој добил помалку од 200.000 долари. Таа улога го доведе до освојување Оскар и голема пресвртница во неговата кариера.
Коментирајќи го тогашниот голем успех, тој рекол дека квалитетот на животот не е пропорционален со бројките на сметката. Оваа улога му донела повеќе исполнување отколку парите што ги одбил.

Потсетуваме, Метју Меконахи неодамна целосно го напушти Холивуд и се одлучи за помирен живот во Тексас.
Како што изјави, причината е желбата да се врати во родниот крај каде што живее мајка му. Тој исто така тврди дека сакал неговите деца да го имаат она што тој го имал кога растел.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги заштитите очите кои се цел ден пред екранот

Ако вашата работа вклучува седење пред екран во поголемиот дел од денот, голема е веројатноста …