Познатиот шведски илустратор на детски книги, Емил Максен, престојува во Македонија и на 4 декември

, во 12 часот, во општинската библиотека „Феткин“ во Кавадарци, ќе присуствува на промоцијата на книгата „Големиот банкет“ чиј автор на текстот е Сара Бергмарк Елфгрен, a Максен е автор на извонредните и богати илустрации. На промоцијата се очекува да бидат присутни деца од училишна возраст, а ќе биде организирана и мала работилница, каде што илустраторот на децата ќе им презентира како се илустрираат книги, стрипови и списанија.

Книгата „Големиот банкет“ е авантуристичка, на моменти страшна приказна, за неумереното јадење и пиење, а од шведски на македонски ја преведе Ивица Челиковиќ. Главните ликови Амунд и Отилиа ќе бидат вовлечени во опасна и страшна авантура со вообразените војводи, итри мопсови, застрашувачи ѕверови и гнасни чудовишта. Објавувањето на делото го поддржаа Европската унија и Министерството за култура, во рамките не проектот „За нивната иднина“, со кој „Бата прес“ во изминативе две години објави 15 книги за деца и млади од 15 познати европски автори.


Емил Максен, е роден во 1989 година. Тој е илустратор, писател и стрип уметник. Во 2019 година ја доби шведската награда Алберт Енгстрем за млади илустратори, а во 2021 година беше во потесен избор за наградата за цртежи на Урхунден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Деновиве излезе од печат дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска

„Неочекувано“ од Ана Мовска – роман за сино-зелените алги на Марс и во Дојранското Езеро. …