„Тој само легна да се одмори и го снема“
Џеремаја Грин, тапанарот и еден од основачите на бендот „Modest Mouse“, починал во саботата на 45-годишна возраст, објавија членовите на бендот.
View this post on Instagram
Само неколку дена откако беше јавно објавено дека боледува од рак, музичарот на рок бендот ја загуби битката. Неговата мајка Керол Намартаме ја објавила тажната вест на Фејсбук:
„Со тешко срце, нашето семејство ја објавува смртта на нашиот син, татко и брат Џеремаја Грин“, додала таа.
„Џеремаја, тапанарот и основач на бендот Модет Маус, ја загуби храбрата битка со ракот на 31. декември. Замина мирно, во сон“.
View this post on Instagram
Членовите на бендот се простија од својот пријател и колега со објава на Инстаграм:
„Денеска го загубивме нашиот драг пријател Џеремаја. Легна да се одмори и едноставно исчезна. би сакал да
кажам многу убави зборови, но едноставно не е време. Ќе дојдат подоцна, од многу луѓе“, напишале тие.
Фото: Принтскрин/Instagram