Познат кардиолог навел 7 знаци на срцеви заболувања кои не смееме да ги игнорираме: Можат да ги погодат луѓето од сите возрасти


Познат кардиолог навел 7 знаци на срцеви заболувања на кои треба да обрнете внимание.
Д-р. Амет Бахаи, кој е специјализиран за истражување за тоа како факторите на животниот стил влијаат на здравјето на срцето и методите на превенција, вели дека здрав возрасен човек треба да може да го задржи здивот најмалку 20 секунди.
„Често го игнорираме здравјето на срцето додека не е предоцна. За повеќето од нас не постои годишен преглед, па затоа ги игнорираме малите сигнали дека нашето срце не работи најдобро. Срцевите проблеми често прогресивно се влошуваат, додекане добиеме уште еден покомплициран проблем, но тоа би можело да се избегне доколку ги послушавме предупредувачките знаци“, изјавил кардиологот за Gloucestershire Live.


Тој вели дека срцевите заболувања можат да ги погодат луѓето од сите возрасти, па затоа е важно да се обрне внимание на какви било промени или симптоми.
Тој предупредил на седум симптоми кои може да укажуваат на срцеви заболувања, а кои не треба да се игнорираат.
– Вртоглавица при брзо станување
– Краток здив
– Тешкотии со свиткување
– Палпитации (чувство на силно, забрзано или неправилно чукање на срцето во градите, кое често се јавува при мирување, но и при вежбање).
– Стегање во градите
– Болка во раката, вратот или надлактицата, често на левата страна.
– Чувство на непријатност во градите
Доколку забележиме некој од овие знаци, кардиологот советува посета на лекар.

Фoтo: Принтскрин/Gloucestershire Live


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Ова е најсочен чоколаден колач што некогаш ќе го пробате: Воздушест е и мек, а лесена е и за правење

Слаткоста на овој десерт совршено се вклопува со омилениот пијалок на многумина – кафето. Состојки: …