Повторно е отворено Графичкото студио на Културно Информативен Центар во Скопје

Графичкото студио на Културно Информативен Центар – Скопје е повторно живо. Во процес е реализацијата на проектот CreArt.3, резиденцијален уметнички престој на двајца уметници.

Уметничкиот престој во Скопје како проектна активност на eвропскиот проект CreArt.3 се реализира со учество на двајца уметници кои аплицираа на јавен повик и тоа Симоне Магали Суире, уметница која доаѓа од Руен, Франција и Сергеј Јордановски од Скопје.


Уметниците во текот на целиот месец ќе работат во ЈУ Културно Информативен Центар Скопје, а на крајот на месец Јуни ќе се организира изложба на двајцата уметници со уметничките дела направени за време на работниот престој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) СОБРАЛА КОМПЛИМЕНТИ – Шерон Стоун во долна облека ја пресоздала легендарната сцена од „Сурови страсти“

Шерон Стоун ја пресоздала својата легендарна сцена од филмот „Сурови страсти“ облечена во долна облека …