Неверството е една од главните причини зошто луѓето ги прекинуваат врските. Но, она што е помалку познато е зошто луѓето одлучуваат да го изневерат партнерот. Меѓутоа, новото истражување покажало поврзаност на психолошка особина која е поврзана со неверство.
Како што пренесува PsyPost, група норвешки истражувачи неодамна ја испитувале валидноста на скалата за емоционалена промискуитет, популарна мерка за емофилија, психолошка особина која покажува колку лесно и колку често човекот се заљубува.
Додека некои поединци се заљубуваат често и многу лесно, други го имаат ова искуство многу поретко или никогаш, и може да потрае многу подолго за да започне заљубувањето. Според една студија објавена во Frontiers in Psychology, откриено е дека луѓето со висока емофилија имаат повеќе романтични врски и повеќе случаи на неверство.
Авторот на студијата Сол Е. Рид и останатите истражувачи имале за цел да ја проценат емофилијата, на скала на емотивен промискуитет (EPS). Нивната хипотеза била дека хемофилијата може да го предвиди бројот на романтични врски што ќе ги има една личност и колку често таа личност ќе биде неверна.
Истражувачите ги собрале податоците користејќи онлајн анкета дистрибуирана од норвешкиот весник VG+ и шведскиот весник Aftonbladet+. Во истражувањето учествувале 2.607 луѓе, од кои 75 проценти биле жени.
Учесниците го пријавиле бројот на романтични врски што ги имале во нивните животи и колку пати биле неверни. Тие, исто така, ја пополниле скалата за емоционална промискуитетност (EPS) за мерење на емофилија и две проценки на особините на личноста.
Резултатите потврдиле дека EPS обезбедува валидни мерки за емофилија во скандинавски контекст. Истражувачите споредиле дали проценката функционира подеднакво за мажите и жените и за различни возрасни групи. Тие откриле дека резултатите се споредливи за мажи и жени, но не се директно споредливи меѓу возрасните групи (под 35, 36-55 и 56 или повеќе).
Понатамошната анализа открила дека емофилијата е поврзана со особини на личноста, особено невротичност, макијавелизам и нарцизам. Сепак, овие асоцијации беа слаби, потврдувајќи дека емофилијата може да се смета за посебна психолошка карактеристика.
Немало значајни родови разлики кога станува збор за емофилија. Поединците со поизразена емофилија имале повеќе романтични врски, а исто така почесто пријавувале дека се неверни.
Фoтo: Архива