ПОТВРДИЛО ИСТРАЖУВАЊЕ – Паровите кои имаат заедничка сметка остануваат подолго заедно, особено оние со ниски примања

Парови кои чуваат пари заедно и остануваат заедно – тврди истражувањето на Универзитетот Корнел и Универзитетот во Колорадо.

Студијата покажала дека паровите кои имаат заеднички банкарски сметки често имаат посреќни врски и 62 отсто од нив тие пари ги трошат заедно.
„Проучивме илјадници парови и ги разгледавме податоците од нивните трансакции, како и истражувањата во текот на многу години, гледајќи го нивното задоволство од врската. Она што откривме е дека паровите кои имаат заеднички сметки остануваат подолго заедно“, рекол Џо Гледстон Yahoo Finance, доцент по маркетинг на Универзитетот од Колорадо.


Придобивките од заедничкото користење на парите биле особено силни кај паровите со оскудни финансиски ресурси, се тврди во студијата.

This image has an empty alt attribute; its file name is horoskop-idealni-parovi3-.jpg


„Тие се позадоволни во тие врски, но и поинаку трошат пари, бидејќи имаат тенденција да трошат повеќе на разумни, корисни работи, а помалку на забава“, објаснил Гледстон.
Додал дека најчесто поради погодности избираат заедничка банкарска сметка пред да се венчаат.

„Мислам дека она што е интересно овде е тоа што кога паровите одлучуваат да ги комбинираат своите финансии, веројатно не размислуваат какво влијание ќе има тоа врз нивната среќа, нели? Тие мислат: ‘Сакам да ги споиме парите затоа што е погодно или затоа што ниеќе се венчаме и тоа има смисла’. Но, можеби има такви последици по среќата за кои тие навистина не размислувале. Тоа е значаен и конзистентен ефект”, објаснил тој.


Покрај голем број други фактори, и финансиската меѓузависност може да биде значаен фактор за успехот на љубовната врска на двојката.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Елегантното издание на Иванка Трамп на инаугурацијата на Доналд Трамп: Блеснала во смарагдно зелен комплет

Иванка Трамп изгледала убаво и одважно во зелен комплет составен од здолниште и јакна, на …