ВАШАТА зависност од телефон ги трауматизира вашите деца, вели советничката за траума Кортни. Таа сподели потресни коментари од децата на TikTok кои ја покажуваат катастрофалната емоционална загуба на родителите опседнати со телефони. Едно шестгодишно дете рекло дека се чувствува помалку важно од мобилните телефони на неговите родители.
Посакувам да им бев важен како нивниот телефон“, признала Кортни.
Друго дете почувствувало дека добива помалку внимание од миленичето.
„Моето куче добива повеќе внимание. Тато рече дека тоа е затоа што кучето не може да зборува. Затоа престанав да зборувам“.
Кортни го истакнала и примерот на шестгодишно дете кое верува дека неговите родители нема ни да знаат дали ќе си замине.
„Да побегнав, моите родители немаше да знаат. Веќе не ми посакуваат ни добра ноќ“, се пожалила таа.
@ask.courtney They gave permission to share #teens #teenthoughts #parentsoftiktok #parenting #parenting101 #familiesoftiktok #therapy #familymatters ♬ Einaudi: Experience – Ludovico Einaudi & Daniel Hope & I Virtuosi Italiani
Деветгодишно момче чувствува дека неговата мајка го користи нејзиниот мобилен телефон за да избегне комуникација со него.
„Таа ми вели дека е премногу зафатена, но цел ден им праќа пораки на пријателките. Зошто не ми ја кажува вистината? Само ме избегнува”, се зборовите што ги употребил за да ги опише своите чувства.
Можеби најпоразителниот коментар е од едно деветгодишно дете, кое му се пожалило на својот советник дека „неговите родители се секогаш зафатени или на телефон“.
„Зошто сум тука? Ме тераат да сакам да си одам”, изјавило детето.
Примерите дадени од Кортни се повик за будење за родителите ширум светот. Многумина самите си признале дека се премногу фокусирани на своите телефони и дека нивните деца страдаат поради тоа.
„Ова е многу тажно. Посакувам да бев посвесен за тоа“, „Тажно, кутри деца“, „Тажно но вистинито. Луѓе, спуштете ги телефоните, справувајте се со вашите деца“, „Повеќето од овие приказни се одвратни, но тоа е форма на злоупотреба. Не е насилство само удирањето или навредувањето“, „Ова се работи што секој родител треба да ги прочита“, беа речениците што се провлекуваа низ делот за коментари.
Фото: Илустрација