Постои ли долгорочен ИМУНИТЕТ на Ковид – 19?

Студијата спроведена во Германија предизвикува сомнеж дека заразените со вирусот корона, откако ќе се излекуваат, произведуваат трајни антитела и на тој начин се заштитени од ново заболување.
Во болницата во Швабинг,тестовите на крв на девет пациенти, кои биле во одделот за интензивна нега, покажале дека немаат речиси никакви антитела против коронавирусот.
Исто така, кај 40 проценти од пациентите без симптоми два месеци по заболувањето, не може да се пронајдат антитела во крвта.
„На редовните прегледи на нашите пациенти откривме дека, во еден дел, 40 проценти, недостасуваат антитела.Тоа укажува дека нема долготраен имунитет и дека овие пациенти би можеле повторно да се заразат со коронавирусот“, објаснил Клименс Вендтнер, главен лекар во болницата Швабинг, за јавниот сервис „Бајрише Рундфунк“.
Германскиот виролог Кристијан Дростен, во својот подкаст, исто така истакнува дека кај некои пациенти антителата исчезнуваат, односно ослабуваат, по два месеци.
Сепак, тој посочува дека антителата се само еден показател за имунитет и дека тие не се единствените што одредуваат имунитет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„4-те коњаници на апокалипсата“- Истражувањето на познат психолог покажало: Овие четири однесувања во бракот доведуваат до развод

Познатиот психолог и брачен советник Џон Готман спровел статистичка анкета за бракови и разводи во …