Постарите луѓе кои почесто водат љубов се многу посреќни и поздрави

Откриле дека мажите кои пријавиле пад на сексуалната желба имаат поголем ризик од развој на рак или друго хронично заболување. Мажите со еректилна дисфункција исто така биле изложени на зголемен ризик од карцином или корорнарна срцева болест. Сепак, важно е да се напомене дека промените во сексуалната желба или функција може да бидат резултат на дијагностицирање на болеста во рана фаза.
Студијата исто така открила дека постарите луѓе повеќе уживаат во животот кога се сексуално активни. А, оние што доживеале пад на сексуалната активност биле понесреќни од оние кои ја одржувале својата сексуална активност.
Не е тајна дека сексот може да помогне да се создадат добри чувства. Ова е главно затоа што за време на сексот, доаѓа до ослободување на ензимот ендорфин, кој создава среќно или восхитено чувство. Повисоките нивоа на ендорфин не се поврзани само со нашето ментално здравје, туку и со поголемо активирање на имунолошкиот систем – што може да го намали ризикот од карцином и срцеви заболувања, пишува The Conversation.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Претставата „Диши“ во вторник во Драмскиот Театар во Скопје

Во вторник, 21 јануари 2025 година, со почеток од 20:00 часот во Драмскиот тетар ќе …