Посетете лекар – Еден симптом на дијабетес може да се забележи во очите

Како што многумина знаат, дијабетесот е сериозна и обично доживотна состојба поради која нивото на шеќер во крвта е превисоко, а еден од симптомите може да се види во очите.
Според National Healthu Service, заматениот вид може да биде симптом на дијабетес.
Иако не е точно познато што предизвикува дијабетес тип 1, дијабетесот тип 2 често се поврзува со фактори како што се прекумерна тежина и недоволна физичка активност. Иако не постои лек за дијабетес, постојат достапни третмани за ублажување на симптомите. Затоа е од клучно значење да се забележат сите можни симптоми што е можно поскоро.

NHS објаснува дека заматениот вид може да биде резултат на компликација позната како дијабетична ретинопатија, која може да доведе до слепило доколку не се лекува.


„Дијабетичната ретинопатија е компликација на дијабетесот, предизвикана од високи нивоа на шеќер во крвта што го оштетува задниот дел на окото (мрежницата). Ова може да предизвика слепило доколку не се дијагностицира и не се лекува. Сепак, обично се потребни неколку години за дијабетичната ретинопатија да стигне до фаза во која може да ви го загрози видот“, изјавиле тие.


Diabetes.co.uk исто така предупредува на овој симптом. Високото ниво на шеќер во крвта како резултат на дијабетес може да влијае на вашата способност за гледање со тоа што ќе предизвика отекување на леќите во внатрешноста на окото, што може да резултира со привремено заматен вид.
Заматен вид може да се појави и како резултат на многу низок шеќер во крвта. Ако е така, вашиот вид треба да се врати откако нивото на гликоза во крвта ќе се врати на нормалниот опсег. Ако нивото на шеќер во крвта се менува со текот на времето, може да забележите дека вашиот вид се подобрува или се влошува со текот на времето.


NHS предупредува дека дијабетичната ретинопатија може да влијае на луѓето со дијабетес тип 1 или тип 2.
Со одржување на шеќерот во крвта, крвниот притисок и холестеролот под контрола, можете да ги намалите шансите за развој на дијабетична ретинопатија.
Покрај заматен вид, други знаци на дијабетична ретинопатија се: постепено влошување на видот, нагло губење на видот, заматен вид, болка или црвенило на очите и отежнато гледање во темница.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали …