Во Кинотека на Македонија, вечерва со почеток во 20:15 часот, ќе може да го погледенете португалскиот документарен филм „Оружје и луѓе“.
ОРУЖЈЕ И ЛУЃЕ
(As Armas e o Povo)
Документарен филм, Португалија
1975, 78 мин., колор, ДЦП
Режија: Колектив на работниците за кинематографската дејност (Colectivo dos Trabalhadores da Actividade Cinematográfica)
ОРУЖЈЕ И ЛУЃЕ (As Armas e o Povo) е најпознатиот филм за португалската „Револуција на каранфилите“. Група на филмски режисери со рачни камери излегуваат на улиците на Лисабон за време на револуционерната недела од 25 април до 1 мај 1974 година и ги снимаат бурните политички случувања. Филмот ги комбинира големите движења на масите со говорите на Марио Соареш и Алваро Кунал и ослободувањето на политичките затвореници со улични интервјуа направени од бразилскиот режисер Глаубер Роча. Овој филм е непроценлив историски документ, создаден во центарот на настаните од група од дваесетина португалски режисери и филмаџии кои се потпишуваат како „Колективот на работниците во кинематографската дејност“. ОРУЖЈЕ И ЛУЃЕ е манифест за односот меѓу киното и политиката, не само како обичен набљудувач на настаните, туку пред сè како активен учесник во револуционерниот чин.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари