Попоски: Од ноќеска драстично заладување на времето, доаѓа студен и влажен воздушен бран

Под влијание на студен и влажен воздушен бран од север, во следните часови на Балканскиот Полуостров температурите драстично ќе се намалат, и за повеќе од 10 степени.

Сето ова ќе биде проследено со силен северен ветер, на Јадранот силна Бура, а ќе има и врнежи од дожд. Со заладувањето, на планините над 1600, 1700 м.н.в се очекуваат и првите снегулки за оваа сезона.


Овој бран во Македонија ќе пристигне ноќта недела кон понеделник и ќе донесе засилен северен ветер, локални врнежи од дожд и нагло заладување на времето, односно температурите од понеделник ќе се намалат за 8 до 10 степени во споредба со сегашните, понекаде и за повеќе од 10 степени. Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови и во Македонија да провее по некоја снегулка.

Следната седмица ќе биде многу променлива, повремено ќе има и врнежи, особено во понеделник претпладне и во вторник во текот на целиот ден. Во понеделник температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, а уште постудено ќе биде во вторник кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.


Сепак од средината на следната седмица повторно се враќа значително потоплото време, односно ќе имаме сеуште потопли денови, и покрај оваа голема и нагла промена на времето која ни следува, за Порта пишува Славчо Попоски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Започна снимањето на филмот „Касапско оро“: Политички трилер кој ветува визуелна и емотивно моќна приказна

Денеска на падините на Средно Водно, во драматичен амбиент и со исклучителна филмска екипа, падна …