Попаметни носливи уреди: Google Gemini пристигнува на Samsung Galaxy Watch и Buds


Вашите Galaxy носливи уреди во следните месеци ќе станат уште попаметни. Google Gemini ќе дебитира на Samsung Galaxy часовниците, правејќи ја својата прва интеграција во Galaxy носливата серија. Дополнително, активирањето на Gemini ќе биде полесно од кога било досега кога ќе се поврзе со серијата слушалки Galaxy Buds3. Овој апдејт ќе ги прошири AI функционалностите низ целиот Galaxy екосистем, создавајќи поповрзано и поинтелигентно корисничко искуство.

Galaxy Watch: Направете повеќе, hands-free


Со Gemini на вашиот Galaxy Watch можете да добиете помош без да ги користите рацете, односно со природни гласовни команди за да останете продуктивни додека сте во движење. Кога трчате на трака во теретана, едноставно побарајте од Gemini да “Запамети дека денес го користам шкафчето 43”, за да можете да се фокусирате на вашето вежбање без да размислувате. Или кога ќе примите важен е-маил додека рацете ви се зафатени со носење на намирници, едноставно побарајте од Gemini да го “Сумира мојот последен е-маил” за брз преглед. Gemini ги обработува овие побарувања преку вашите апликации, овозможувајќи ви брзо да ги погледнете одговорите и да се вратите на тоа што го правите.

Со Gemini, корисниците на Galaxy Watch можат да останат продуктивни без прекини


 Galaxy Buds: Беспрекорна интеракција со уредите

Кога се користи со Galaxy Buds, Gemini искуството станува уште поцелосно. Користејќи гласовни команди или контроли со држење (hold), можете да го активирате Gemini на вашите слушалки Galaxy Buds и и да остварувате непречена интеракција со вашиот Galaxy смартфон. Така, кога ги врзувате патиките пред да трчате, едноставно побарајте од Gemini “Какво ќе биде времето додека трчам денес?” без да мора да го земате телефонот. Со Gemini, поинтелигентното Galaxy искуство сега ви е на дофат


 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЕДИНСТВЕН ЗБОР КОЈ ИМА ИСТО ЗНАЧЕЊЕ ВО СИТЕ ЈАЗИЦИ: Експертите го сметаат овој израз за „мост“ помеѓу различните култури

Комуникацијата во странска земја може да биде огромен предизвик, особено кога не го познавате локалниот …