Полицијата врши истрага откако Џин Хекман и неговата сопруга беа пронајдени мртви

Шерифот на округот Санта Фе, Ново Мексико, рекол дека истрагата е во тек откако Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава биле пронајдени мртви во нивниот дом.
Од полицијата изјавиле дека не веруваат дека се работи за насилна смрт. Повеќе информации ќе бидат објавени наскоро. Легендарниот актер живееше во Санта Фе со сопругата од 2004 година, откако се пензионираше.
Славата ја стекна во 1967 година, кога глумеше во филмот „Bonnie and Clyde“. Некои од филмовите во кои тој исто така глумеше се: „Superman“, „The French Connection“, „Get Shorty“, „Mississippi Burning“, „Unforgiven“, „Crimson Tide“, „Heist“…
Одлуката да го напушти светот на филмот ја донел поради стрес и проблеми со срцето. Тој беше виден во јавноста минатата година за прв пат по повеќе од 20 години.
Хекман и Аракава се во брак од 1991 година. Актерот беше во брак со Феј Малтезе од 1956 до 1986 година.

Фото: Агенции


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите, награда за по напорен период. …