Покажало истражување – Усвојувањето на овој тип на исхрана може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Срцевите заболувања се една од водечките причини за смрт во светот, а голем дел од ризикот може да се намали со менување на навиките на животниот стил.
Според истражувањето на Харвард, усвојувањето на една навика во исхраната може да го намали ризикот од коронарна срцева болест за 27 проценти, а кардиоваскуларни болести за 19 проценти.
„Повеќето од нас треба да почнат да ја пренасочуваат исхраната кон растителни протеини“, вели истражувачот за исхрана и дијабетес д-р. Френк Ху за Parade.
Истражувачите анализирале податоци од 203.000 учесници во текот на три децении, вклучувајќи навики во исхраната, медицинска историја и начин на живот. Учесниците со најголем внес на протеини од растително наспроти животинско потекло имале помал ризик од срцеви заболувања.


Исто така, заменувањето на црвеното месо со растителни протеини како што се јаткастите плодови го намалува ризикот од мозочен удар. Растителните протеини како оние од мешунките и јаткастите плодови содржат влакна, антиоксиданси, минерали и здрави масти. Комбинацијата на овие хранливи материи помага да се намали воспалението, да се регулира крвниот притисок и да се подобри липидниот профил.
„Преместувањето кон исхраната базирана на растенија значително го намалува ризикот од срцеви заболувања“, објаснува кардиологот др. Кимберли Скелдинг.


Целосното исклучување на месото не е неопходно, но изборот на поквалитетни извори е клучот за здравјето.
„Американската асоцијација за срце препорачува помалку од 170 грама црвено месо дневно. Ако јадете црвено месо, изберете го од животни одгледани на пасишта бидејќи има поповолен однос на омега-6 и омега-3 масти”, советува кардиологот др. Ју-Минг Ни. Тој тврди дека е подобро да се избере пилешко, риба или растителни протеини.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …