Шведската манекенка Елза Хок била нападната затоа што за Ноќта на вештерките се трансформирала во принцеза Дијана.
Русокосата убавица ги шокирала фановите кога на својот Инстаграм профил објавила серија фотографии, на кои ја отелотворува покојната принцеза која трагично загина во сообраќајна несреќа во Париз на 31 август 1997 година.
Елса носела реплика на иконскиот „Одмазднички фустан“ што Дијана го носела вечерта кога принцот Чарлс ја признал аферата со Камила. Во тоа време, принцезата ги воодушевила сите во коктел црн фустан.
View this post on Instagram
Фустанот го комбинирала со ѓердан од сафир, бисер и дијамант, што одговарале на нејзиниот веренички прстен.
Манекенката ја покажала својата маска на социјалните мрежи, а многумина во коментарите ја обвиниле дека не ја почитува Лејди Ди.
„Костимите треба да бидат забавни, а не потсетување на нечиј трагичен живот”, „Бесрамно! Како некому божем ќе му биде мило да види некој од своето семејство, трагично починат, облечен како костим за потрошувачки празник и забава”, „Глумењето на принцезата Дијана за Ноќта вештерката е ужасно“, се дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/Instagram