Лава колачот е идеално решение доколку ви треба брз десерт…
Потребно е:
230 гр темно чоколадо
170 гр несолен путер исечен на коцки
4 големи јајца
100 гр шеќер
1/8 лажичка сол
Подготовка:
Поставете ја решетката на рерната во средната положба и загрејте ја рерната на 190°C. Чаши за мафини намачкајте со путер. Чоколадото со путерот растопете го на пареа со повремено мешање додека смесата не се растопи и изедначи. Тргнете од ринглата.
Додека се топи чоколадото, изматете ги јајцата, шеќерот и солта со помош на миксер на средна брзина додека смесата не стане светла и бледа, околу 5 минути. Намалете ја брзината на минимум и вмешајте ја чоколадната смеса додека се’ не се соедини.
Истурете во чаши за мафини и ставете ги на плех. Печете додека рабовите не поруменат, но средината оставете ја недоволно печена, околу 10 минути. Избегнувајте прекумерно печење. Оставете да се излади 3 минути и послужете.
Лава колачот е многу едноставен, само треба да ја оставите средината на колачот недоволно испечена за да средината истече на чинијата за служење. Овој колач најчесто се послужува со сладолед од ванила.
Фoтo: Архива