Под мотото „Бесконечна слобода“ утре започнува 8-то издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“

Почитувани вљубеници во филмската уметност и бесконечноста, со огромно задоволство го најавуваме 8-то издание на фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“, кој оваа година ќе се одржи од 8-ми до 11-ти август во Струга.

Осум лета, една идеја за бесконечност. „Слободата“ денес е тема која често се користи, а ретко се ползува. Слободата, која е безброј пати злоупотребена, погазена, украдена и прелажана. Слободата, која денес е заробена од „слободниот свет“.


Затоа осмото издание на фестивалот ќе се одржи со идејата за „Бесконечна слобода“, за оние кои измислуваат нови универзуми и за оние кои патуваат низ нив, за оние кои веруваат и за оние кои не веруваат. Слободата е болест што не се лекува. А филмот е една бесконечност од светови, фантазии и имагинации, во кои слободата не завршува онаму каде што почнува слободата на другиот. Денес кога реалниот свет е посуров од филмската фикција, тогаш бесконечноста е нашиот придонес кон слободата.

Фестивалската програма ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во интернационална, регионална, студентска поддржана од Europe House Struga и специјална програма „Соочување со минатото“ во соработка со Форум ЗФД Скопје, во селекција на нашиот драг соработник Иван Бакрач. Со цел промоција на македонскиот филм и македонските филмски автори, фестивалот и оваа година ќе ја претстави програмата „MK Special“ чиј победник го избира публиката. Фестивалот продолжува со VR програмата каде ќе се прикажат кратки филмови во специфичен формат.


Во едукативниот дел од фестивалот ќе проследиме два мастеркласови, како и една дискусија за филм на тема ,,Соочување со минатото” во соработка со Форум ЗФД Скопје, на која ќе учествуваат филмски уметници од регионот.

Музичката програма оваа година е посветена на македонската музика. Фестивалот ќе го отворат Фолтин со целовечерен концерт, додека фестивалот ќе го затвори групата Искра, која со себе носи информации од иднината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Марија Шерифовиќ и приреди роденденско изненадување на својата мајка, а таа лееше солзи: „Сакаш да умрам”? 

„Долго време размислував како да те израдувам за роденден. Минатата година, иако полнеше 60 години, …