Sвездата на „Убиј го Бил“, Шиничи Чиба Сони починал на 82 -годишна возраст од последици од корона вирусот.
Јапонскиот актер и мајстор за боречки вештини бил примен во болница на 8. август поради пневмонија, предизвикана од ковид -19.
Влијателниот актер бил приклучен на респиратор, но на крајот сепак и подлегнал на болеста.
Во Јапонија, тој беше култен актер и најпознат актер во боречки вештини после Брус Ли.
Шесткратниот носител на црн појас, надвор од родната Јапонија, е најпознат по улогата на Хатори Ханс во филмовите на Тарантино „Убиј го Бил“ 1 и 2, но и по улогата на чичко Камата во филмската франшиза „Пеколни улици“.
Извор: JapanTimes