Починала позната холивудска актерка: Ќе ја паметиме посебно по еден филм

Американската актерка Џина Роландс, позната по улогата во филмот „Глорија“, починала на 94-годишна возраст, објавил нејзиниот син Ник Касаветес.
Роуландс беше трикратна добитничка на Еми и двапати номинирана за Оскар за нејзините улоги на силни проблематични жени во криминалната драма „Глорија“ и филмот „Жена под влијание“.
Таа ја започна својата кариера во театар и телевизија во 1950-тите, и глумеше во десетици филмови, вклучувајќи ги и оние што ги режираше нејзиниот прв сопруг Џон Касаветес.
Иако не освоила Оскар за ниту една улога, Роуландс добила почесна награда од Академијата за филмски уметности и науки во 2015 година.
Нејзиниот син Ник во јуни открил дека боледува од Алцхајмерова болест, како и ликот што таа го толкуваше во филмот „The Notebook“ од 2004 година.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Преку Ред“ си газат ама „Тоа е“

Младиот скопски бенд „Преку Ред“ со својот креативен потенцијал успева да создаде мелодии кои веднаш …