Ќе остане запаметена по улогата во познат хорор филм
Американската актерка Лар Парк Линколн починала на 63-годишна возраст по долга борба со ракот на дојка. Веста за нејзината смрт ја објавила актерската школа „Actors Audition Studios“ од Далас, која самата ја основала.
Актерката Лар Парк Линколн беше позната по своите улоги во популарните телевизиски и филмски продукции, вклучувајќи ја серијата „Knots Landing“ и хорор филмот „Friday the 13th Part VII: The New Blood“. Во серијата „Knots Landing“ таа го играше ликот на Линда Фергејт од 1987 до 1991 година, додека во култната хорор серија го толкуваше ликот на млада жена со телекинетички моќи, соочена Џејсон Вурхис.
Таа ја започна својата кариера како модел во реклами, а нејзината прва голема филмска улога беше во 1985 година во филмот „Children of the Night“, каде што играше тинејџерка проститутка во Лос Анџелес. Таа улога го привлече вниманието на продуцентите, што доведе до ангажман во серијата „Knots Landing“.
Покрај споменатите проекти, Линколн имаше гостински улоги во серии како „Murder, She Wrote”, „Beverly Hills, 90210″ и „Space: Above and Beyond“. Во подоцнежните години од нејзината кариера, таа стана едно од препознатливите лица на продажниот канал QVC и се посвети на работа со млади актери преку нејзиното актерско училиште во Далас.
Во соопштението објавено од „Actors Audition Studios“, се наведува дека во текот на нејзината 45-годишна кариера, таа оставила неизбришлив белег во Холивуд со своите изведби и посветеност на менторство на идните актери.
Официјалната причина за смртта сè уште не е објавена, но се знае дека таа се борела со рак на дојка во последните пет години.
Лар Парк Линколн зад себе остави две деца, Пајпер и Тревор, како и четири внуци – Одри, Бенџамин, Џек и Миа.
Фото: Принтскрин/YouTube – Indie Film Cafe Network