По битката со ракот, актерката Пети Јасутаке починала на 70-годишна возраст.
Нејзиниот долгогодишен менаџер и пријател Кајл Фриц ја потврди веста за Deadline во вторникот.
„Уживавме да работиме заедно. Ќе ми недостига нејзиниот талент и истрајност, но најмногу нејзиното пријателство“, изјавил Кајл.
Таа се прослави со улогата во „Ѕвездени патеки“.
Пати на многумина им е најпозната по улогата на медицинската сестра Алис Огава во франшизата „Ѕвездени патеки“. Таа се појави во четвртата сезона на Star Trek: The Next Generation во 1990 година, а подоцна ја повтори улогата во Star Trek: Generations (1994) и Star Trek: First Contact (1996).
Таа, исто така, го позајми својот глас за видео играта од 2001 година Star Trek: Armada II.
Нејзината последна улога беше во серијата Beef на Нетфликс во која го толкуваше ликот на Фуми Накаи. Beef го привлече вниманието на претплатниците на Нетфликс веднаш по објавувањето.
Помина неколку недели во трендинг низ целиот свет, а рецензиите од гледачите се одлични. На почетокот на оваа година серијата Beef освои дури три Златни глобуси.
Јасутаке е родена во Лос Анџелес, каде што дипломирала глума. Кариерата ја започнала во театарот East West Players, каде настапувала во повеќе од 10 претстави.
Фото: Принтскрин/