ПОЧИНАЛ УШТЕ ЕДЕН АКТЕР ОД КУЛТНАТА СЕРИЈА! Открил дека е болен пред само неколку месеци, ја загубил битката на ЖИВОТОТ

Тој е веќе вториот актер од серијата „Спартак“ кој починал од рак.
Актерот Џоан „Џон“ Кинг починал на 49-годишна возраст од аденокарцином, само седум месеци откако ја дознал страшната дијагноза. Веста за смртта на актерот од хит серијата „Спартак“ ја потврди и неговото семејство.
На актерот во јануари годинава му бил дијагностициран аденокарцином, а веднаш му било кажано дека болеста е напредната и дека шансите за опоравување се мали. Не се откажал, почнал со хемотерапија, но ракот се проширил на панкреасот и на 15 август ја загубил животната битка.
„Со голема тага потврдуваме дека битката на Џон заврши денеска. Тој почина опкружен со луѓе кои го сакаа. Остава огромна дупка на овој свет, тој беше прекрасен сопруг, татко, син, брат, пријател и човек. Оние кои имаа доволно среќа да го познаваат, засекогаш ќе ја продолжат неговата мисија на добрина, посветеност и љубов“, се наведува на социјалните мрежи.

This image has an empty alt attribute; its file name is spartak.jpg


На почетокот Џоан бил само статист во серијата, но на продукцијата толку и се допаднал што улогата му била проширена, добивал дијалози и неговиот гладијатор Раскос ќе остане запаметен како еден од омилените ликови во серијата.

View this post on Instagram

A post shared by Manu Bennett (@manubennett)


Но, ова не е првата трагедија што ја погодува серијата. По само една сезона, главниот актер Ентони Витфилд почина од не-Хочкинов лимфом. На 38-годишна возраст му била дијагностицирана тешка болест, а починал 18. месеци подоцна. Тој морал да биде заменет со друг актер во серијата.
Серијата „Спартак“ се емитуваше од 2010. година и траеше четири сезони, а доби одлични критики од публиката и ТВ индустријата. Погледнете го трејлерот.


Фото: YOUTUBE/STARZ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Андреј од ДНК

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот …