Медиумскиот тајкун и милијардер, Берлускони првпат дојде на функцијата во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година.
Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина на 86-годишна возраст. Тој почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.
Силвио Берлускони, кој почина денеска на 86-годишна возраст, беше италијански бизнисмен и поранешен премиер на Италија.
Роден е во Милано на 29 септември 1936 година, а неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.
Тој беше лидер на политичкото движење „Forca Italija“ (Напред Италија), партија која беше официјално основана во јануари 1994 година, за првпат да учествува на општите избори во март истата година, но во 2008 година ФИ беше распуштена и Берлускони основа нова политичка партија Народ на слободата, која од 2013 година се нарекува Napred Italia.
View this post on Instagram
Берлускони беше премиер кратко време (седум месеци) во 1994 година. Во 2001 година повторно беше назначен на истата функција, втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. На 20 април 2005 година, Берлускони понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. На 23 април 2005 година формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав.
На парламентарните избори во април 2006 година, коалицијата на Силвио Берлускони загуби од левата коалиција на Романо Проди. Победата беше многу тесна (0,11%), па Берлускони долго време ги оспоруваше резултатите од изборите, но на крајот, на почетокот на мај поднесе оставка.
View this post on Instagram
Сепак, владата на Проди ќе го загуби парламентарното мнозинство, а централнодесничарската коалиција на Берлускони ќе победи на изборите во 2008 година.
На 12 ноември 2011 година Берлускони му поднесе оставка на претседателот на Италија, Џорџо Наполитано, откако го загуби парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.
Тој е и сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони е најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12.000.000.000 долари во 2005 година, а воедно и 25-ти најбогат човек во светот.
View this post on Instagram
ФК МИЛАН
Тој исто така беше претседател на фудбалскиот клуб ФК Милан помеѓу 1986 и 2004 година; по неговата оставка – која беше принудена со закон – на 26 декември 2004 година, тимот не избра нов претседател, па денес тој е само косопственик на тимот.
Презентирајќи ја својата биографија „Епската приказна за милијардерот кој владееше со Италија“ на новинарот на „Газета“, тој рекол дека нема намера да го напушти Милан додека не донесе нови успеси на клубот и опишал колку му значи овој клуб.
– Веќе им кажав на децата дека кога ќе заминам, ако сакаат, можат да продадат се што ќе им оставам. Единствено што не сакам да продадат се две работи: мојата куќа во Аркоре и поголемиот дел од сопственоста на Милан – јасно кажал Берлускони.
View this post on Instagram
СКАНДАЛИ И АФЕРИ
Инаку, неговата биографија е полна со скандали, обвинувања за корупција, сексуални афери и контроверзни деловни потфати.
Политичките достигнувања на поранешниот премиер беа засенети од безброј кривични пријави против него – иако единствената пресуда што не беше поништена во жалбата беше за даночна измама – и неговите озлогласени секс забави, познати како „бунга бунгас“, на кои често се појавуваа помлади убавици кои му служеле за имиџот и напредувањето во кариерата, честопати помагајќи им да се пробијат.
Берлускони е осуден на седум години затвор поради проституција со малолетници за време на организирани забави. Казната е укината во жалбена постапка. Така, пресудата дека платил за секс со малолетна Мароканка, позната како „Руби крадецот на срцето“, била укината, иако и после тоа се соочил со две обвиненија за поткуп на сведоци за да молчат.
Животот на Силвио Берлускони честопати беше прикажан во сапунските опери што неговите ТВ канали први ги донесоа од САД во Италија.
Берлускони зад себе остави пет деца од два брака.
Фото: Принтскрин/Instagram