Холивудскиот актер Чад Меквин починал во средата на 63-годишна возраст
– Со тешко срце ја објавуваме смртта на нашиот татко, Чад Меквин. НЕГОВОТО извонредно патување како љубезен татко кон нас, заедно со неговата непоколеблива посветеност на нашата мајка, навистина беше пример за живот исполнет со љубов и посветеност.
View this post on Instagram
Неговата страст за трки не само што го истакнала неговиот извонреден талент, туку послужила и како начин да го почитува наследството на неговиот татко, доказ за вредностите што му се всадени.
Тој ни ја пренесе својата страст, знаење и посветеност, а ние ќе го продолжиме не само неговото, туку и наследството на нашиот дедо. Како семејство мораме да го пребродиме овој тежок период и љубезно да бараме приватност додека се сеќаваме и го славиме неговиот несекојдневен живот – напишале неговата сопруга Џини и децата Чејс и Медисон на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Починатиот актер беше син на Стив Меквин, чија страст за актерството и тркачките автомобили ја споделуваше. Најпознат по улогата на Холанѓанецот во филмот од 1984 година „Карате дете“ и неговото продолжение од 1986 година, портретирањето на Меквин како член на Кобра Каи е еден од клучните моменти на поп-културата од 1980-тите.
Тој продолжи да се појавува во филмови како „Fever Pitch“ 1985, „New York Cop“ 1993, „Jimmy Hollywood“ 1994, „Red Line“ 1995, „Papertrail“ 1998, „Fall: The Price of Silence“ 2001 година.
Фото: Принтскрин/Instagram