Починал познат глумец (37) – Семејството и пријателите во шок, едвај можеле да кажат дека КРЕНАЛ РАКА НА СЕБЕ


Марсел Ман, познат германски комичар и актер синхронизатор, починал на 37-годишна возраст.
Тој починал на 21 јануари 2025 година, само 10 дена пред неговиот 38-ми роденден, а тажната вест со јавноста ја споделиле членовите на неговото семејство, девојката и пријателите преку неговиот Инстаграм профил, со изрази на тага и благодарност за секој поминат момент со него. Тие откриле дека причина за смртта е самоубиство.
На Инстаграм профилот на познатиот комичар пишува:
– Следната порака е напишана од роднините на Марсел (девојка, пријатели и членови на семејството): Оваа порака се занимава со темата за самоубиство и може да биде стресна или вознемирувачка.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Marcel Mann (@marcel_mann)


– Во вторник, 21 јануари 2025 година, нашиот сакан пријател Марсел Ман се прости од овој живот. Ние сме без зборови и неверојатно тажни, но и благодарни за секоја секунда што можевме да ја поминеме со оваа прекрасна личност. Ве молиме, воздржете се од поставување прашања и дајте им на роднините и блиските пријатели на Марсел нивната приватност и доволно време да тагуваат.
– Сакаме да ви го кажеме следново: „Ако вие или некој што го познавате има потреба од поддршка – не сте сами, има помош! Ве молиме контактирајте со доверливите советувалишта“, напишале тие.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден во 1987, Шер го објави хитот што го означи нејзиниот голем камбек – „I Found Someone“

На 19 ноември 1987 година, легендарната американска пејачка Шер го објавува синглот „I Found Someone“, …