Познатиот актер Мартин Мул починал на 80-годишна возраст, објави на Инстаграм неговата ќерка Меги Мул. Тој одигра голем број одлични улоги, вклучувајќи ја и улогата во ситкомот „Два и пол мажи“.
„Со скршено срце објавувам дека татко ми почина дома на 27-ми јуни по храбра битка со долго боледување. Беше познат по тоа што се истакнуваше во секоја можна креативна дисциплина, но и по снимањето“, напишала таа.
Таа додала дека Мартин Мул многу ќе им недостига на неговата сопруга, ќерка, пријатели, соработници, колеги уметници, комичари и музичари и неговите многубројни кучиња. „Го сакав неизмерно“, напишала таа.
Актерот се прослави во седумдесеттите со улогите во сериите Mary Hartman, Mary Hartman , Fernwood 2 Night и America 2 Night.
Беше успешен и во музиката, па неговата песна „A Girl Named Johnny Cash“, испеана од Џејн Морган, го достигна 61-то место на Билборд-листата. Тој ја напиша тематската песна за серијата „The 51st State“ од 1970 година а работел 9 како музички продуцент за филмот „Jump“ од 1971 година.
Имаше забележителни улоги во Sabrina, The Teenage Witch, Roseanne, Two and a Half Men, Arrested Development, The Ranch, и The Cool Kids. Тој беше номиниран за наградата Еми во 2016 година за неговата улога во Veep.
Неговите последни улоги беа во телевизиските проекти Not Dead Yet, Grace and Frankie и The Afterparty.
Од актерот се прости и колешката Џенифер Тили.