Доминиканскиот пејач Руби Перез починал на 69-годишна возраст за време на клупски настап во Санто Доминго.
За време на неговиот настап, покривот на клубот неочекувано паднал, што довело до катастрофален колапс. Таа вечер во клубот имало речиси илјада луѓе, од кои најмалку 58 загинале, а 160 се повредени, пренесува Hola.
Веднаш потоа не се знаела судбината на популарниот пејач. Според првичните информации, тој преживеал и дека добил лекарска помош. Сепак, членовите на семејството, вклучително и братот на Перез, ги негирале тврдењата.
Роберто Антонио Перез Херера, професионално познат како Руби Перез, е роден на 8 март 1956 година. По сообраќајната несреќа која му ставила крај на неговите безбол соништа, Перез се посветил на музиката, студирајќи на Националниот конзерваториум во Санто Доминго. Тој се прослави со оркестарот Вилфридо Варгас во раните 80-ти, изведувајќи хитови како „El Africano“ и „Volvere“.
View this post on Instagram
Добитник е на повеќекратната награда Касандра (сега награда Соберано) и на меѓународни награди.
Фото: Принтскрин/Instagram