ПОЧИНАЛ НА СЦЕНА: Срцето го изневерило пејачот

На 59-годишна возраст починал Метин Аролат, пејач и голема турска ѕвезда. За време на настап во хотел во Истанбул, Аролат ненадејно паднал додека пеел.
Иако присутните брзо реагирале и му пружиле прва помош, вклучително и масажа на срцето, Аролат не успеал да преживее ниту по интервенцијата во болницата. Неговиот менаџер Халил Џилдирим потврдил дека пејачот починал од срцев удар, нагласувајќи колку голема загуба е ова за сите што го сакале.
Аролат ќе биде погребан во понеделник. По молитвата во џамијата Тешвикије во Истанбул, неговото тело ќе биде пренесено во Измир, каде што ќе биде погребан во семејната гробница.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by METİN AROLAT (@metinarolat)


За смртта зборувала неговата сестра Фатос Алкан која рекла дека нема зборови со кои може да се опише болката од оваа загуба.
Неговиот близок пријател Демет Сагироглу дал подолга изјава:
„Тој ми беше многу близок пријател, беше како роден брат, многу посебен. Повторно беше на диета. Секогаш ги имаме тие Кај нас се секогаш присутни тие ‘смртоносни диети’. Неговото срце веројатно не можело да издржи. Замина со насмевка. Неговиот менаџерот така рече. Беше многу весел. Неговоро семејстви е во Измир а и воИстанбул имаше семејство. Пред неколку години ја загуби мајка му што му беше многу тешко. Со менаџерот дојде на работа насмејан и весел. На сцената во еден момент му се слоши. После 20 минути на бината отиде зад сцена и ја соблече кошулата. Рече дека мутрне раката. После го прегледаа, а потоа рече: ‘Дајте ми ја кошулата, добро сум’. Повторно се врати на сцената но набрзо повторно падна. Наместото на настанот беше една медицинскасестра која го стави во странична положба. Веднаш повикаа брза помош. На пат срцето повторномузастанало. Сепак, не успеаа да муго спасат срцето. На неговите сакани им посакувам трпение. Верувам дека замина на подоброместо, бидејќи замина со насмевка. Секогаш имашењ насмевка на лицето.Нека душата му почива во мир“.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by METİN AROLAT (@metinarolat)

Познатиот пејач Метин Аролат во емисијата на Армаган Чаглајан на Јутјуб каналот „196Sekiz“ пред три дена изјавил: „Најголемата среќа во животот ја чувствувам кога настапувам“.
Метин Аролат е роден на 28 мај 1972 година во Измир. Неговата мајка е Черкезинка, а татко му бил банкарски службеник од Истанбул. Неговиот татко го дизајнираше логото за Туркиш Ерлајнс. Прадедо му бил Хасан Изет Паша, а дедо познатиот турски поет Али Мумтаз Аролат. Неговиот вујко е новинарот Осман Сафет Аролат, а братучед му е архитектот Емре Аролат. Дипломирал на Факултетот за економски и административни науки на Универзитетот Докуз Ејлул во Измир. Откако неговиот брат Демир Аролат трагично загинал во сообраќајна несреќа, Метин се преселил во Истанбул со намера да стане режисер и да се бави со музика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by METİN AROLAT (@metinarolat)

Во Истанбул ја започнал својата кариера како асистент режисер во агенцијата на Осман Устундаг. Еден од кратките филмови на кои работел добил Златен лав на Канскиот филмски фестивал. Накратко заминал во Америка, каде студирал рекламирање на Универзитетот во Чикаго. По враќањето во Турција, тој работел во екипата која снимала музички спотови за Таркан.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …