Славниот американски актер Чарлс Гродин починал на 87-годишна возраст во неговиот дом во Вилтон, Конектикат.
Гродин, познат по улогите во филмовите „Hartbrek Kid“, во комичниот трилер со Роберт де Ниро „Midnajt Ran“ и комедијата „Бетовен“, беше и театарски актер и коментатор на радио и телевизија.
View this post on Instagram
Гродин се појави и во филмовите „Дејв“, „Жена во црвено“, „Бебето на Розмари“ и „Небото може да чека“, а глумеше во повеќе од 50. филмови.
Од првиот брак со Џулија Фергусон, тој доби ќерка, комичарката Марион Гродин, а со втората сопруга Алис Дарвуд го доби синот Николас.
Фото: Принтскрин/Youtube