Актерот кој и го позајми гласот на ракчето Себастијан во легендарниот цртан филм на Дизни „Малата сирена“ починал на 74-годишна возраст.
Веста за неговата смрт ја потврдила официјалната страница на Фејсбук на Монтгомери, градот во кој живеел актерот.
„Денес градот Монтгомери жали за загубата на Сем Рајт“, започнала изјавата.
„Освен за сите нас, тој беше инспирација, тој и неговото семејство влијаеја на безброј млади луѓе во долината Хадсон, секогаш инспирирајќи ги да достигнат повисоко и да копаат подлабоко за да станат најдобра верзија за себе“, се наведува.
Во соопштението се вели дека покрај неговата страст кон уметноста и љубовта кон своето семејство, Рајт бил најпознат по тоа што давал чиста радост каде и да се појавел, на оние со кои комуницирал.
Причината за смртта сè уште не е јавно достапна, а тажните обожаватели ги преплавуваат социјалните мрежи и изразуваат сочувство до семејството на Рајт.
Починал актерот Семјуел И. Рајт
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.