Марк Марголис познат по улогата на наркодилерот Хектор Саламанка во сериите „Breaking Bad“ и „Better Call Saul“, почина на 84-годишна возраст.
Како што изјавил неговиот син, Марк починал по кратко боледување, а покрај него до последен момент биле тој и сопругата Жаклин.
Кариерата ја започнал во седумдесеттите, а глумел во филмот „Scarface“, и во сериите „Oz“, „Pure Chemistry“, „Breaking Bad“ и „Better Call Saul“.