Екрем Хусеин доајенот на македонскиот балет по долго боледување почина денеска на 75. годишна возраст.
Ќе остане запаметен по бројни услоги во балетските претстави во неговата над 50.годишна кариера.
Во 2008. година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ – Скопје за врвни достигнувања во танцот.
Погребот на Хусеин се одржа денеска на турските гробишта во Бутел.
Поради колективниот годишен одмор комеморација во неговата матична куќа – Македонската опера и балет, најавуваат за следната недела.
Почина Екрем Хусеин – доајенот на македонскиот балет
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.