Познатиот естраден новинар и водител Зоран Василевски – Фаци, почина утрово.
Тој неколку години се бореше со туморот. Болеста му беше дијагностицирана во 2022 година, по што се оперираше, но за жал ракот се вратил.
Зоки неодамна беше и во Турција, каде што требаше да биде опериран, но лекарите таму му соопштиле дека ракот метастазирал на коските.
И’ покрај ова, бил ведар, не се предавал и до последен момент јавно зборуваше дека ќе го победи ракот и ќе се врати во новинарските води.
Но, за жал не успеа…
Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров.
View this post on Instagram
„За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите.
Сочувство до фамилијата и блиските. Погребот ќе биде утре, а каде и кога ќе ве известам.
Те сакам пријателе, секогаш ќе се сеќавам на тебе и на твојата насмевка. Многу ќе ми фалиш“, напиша тој.
View this post on Instagram
Зоки важеше за еден од најдобрите, но и најпровокативни естрадни новинари во Македонија.
Кариерата ја почна во дневниот весник „Вест“, а потоа работеша како водител на естрадниот магазин „Фаци“ во А1 телевизија, од каде што го доби и прекарот кој го следеше цела негова кариера.
Последниот професионален ангажман го имаше заедно со Стефан Лазаров, во нивниот заеднички поткаст.
View this post on Instagram
„Беше пред своето време на Балканот, новинар каков немаше на нашите простори. Секогаш позитивен, откачен со чиста и нерасипана душа.
Никогаш нема да заборавам дека прв ми даде шанса кога завршив факултет за новинарство и ме научи што значи естрада. Од првиот ден се однесуваше како да се знаеме цел живот. И покрај тоа што пројдоа толку години, секогаш кога ќе се видевме како времето да не застанало.
И покрај големата борба и целата поддршка, не издржа. Уште една ѕвезда замина на небото.
Почивај во мир Зоки 💔“, напиша Силвана Јовановска на Фејсбук,една од многуте кои се погодени од смртта на Зоки Фаци…
Фото: Принтскрин/Facebook