По четврти пат во СЦ Дуња ќе се одржи КВИР БУНТ

Денес, со почеток во 19:00 часот, по четврти пат во СЦ Дуња ќе се одржи КВИР БУНТ. Сведоци сме на консолидацијата на клерофашизмот во Македонија, и пошироко во Европа. Многу е лесно во овој момент да очајуваме и да чуствуваме болка за себе и за нашите сакани или пак да го бараме решението во некој друг. Но, зошто да треба ние како квир луѓе да молиме една нефункционална држава предводена од крвничка и самобендисана владеачка класа, која самата е должна на нејзините газди од империјалистичкото јадро? Зошто да им се молиме на оние кои не гледаат нас како посебна класа консумеристи за таргетирање и како уште една касичка за пари? Токму сега е моментот да покажеме дека ја имаме моќта да водиме организирана борба против системот кој нѐ угнетува нас и сите останати.

Со овој настан, сакаме да потенцираме дека квир значи да се биде бунтовник. Време е да ја отфрлиме либералната концепција на квир, која со години не лаже дека ние можеме да се асимилираме во овој гнил систем. Единствен начин за да се дојде до слобода е преку директна борба со системот, борба која ги сврзува сите сфери на општеството и се осмелува да обмисли едно ново општество, борба против сите форми на репресија – борбата против империјализмот и колонијализмот, борбата за слободa на палестинскиот и сите други угнетени народи. Време е да се организираме и да застанеме рамо до рамо против ништувачкиот систем!


Агенда на активности:
19:00 Pink Flamingos: проекција на филм
21:00 Queering the map: читање и дискусија
21:30 Wh0rem0ans: DJ set

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како ефикасно да се регулира хормоналниот дисбаланс?

Хормоналната рамнотежа е клучна за здравјето на жената, влијаејќи на сè, од расположение до плодност. …