По повод 15 годишнината од неговото историското препливување на каналот Ла Манш, нашата пливачка легенда Томи Стефановски ќе плива 15 км во водите на Охридското Езеро за поттикнување на Инклузијата во спортот. Настанот ќе се случи во Охрид на 14 август 2024 година, со почеток во 10:30 часот.
Во писмото за донации македонската пливачка легенда Томи Стефановски вели;
„Со голема гордост би сакал да го претставам едно од моите најголеми достигнувања во кариерата, а тоа е препливувањето на каналот Ла Манш на 14 Август 2009та година. Таа година беше 50-годишен јубилеј од првото препливување на каналот од страна на еден македонец (Нико Нестор, 1958) и 40- годишнината од препливувањето на првата македонка (Атина Бојаџи, 1969).
Мојот подвиг траеше цели 7 часа и 42 минути, резултат кој е 13ти на вечната листа во 149-годишната историја на препливувањата на каналот (Капетан Метју Веб, 1875).
На 14ти Август 2024 година ќе бидат одбележани 15 години од моето препливување на каналот Ла Манш, и по тој повод ќе се одржи хуманитарен настан на кој ќе се обидам да препливам 15 километри по Охридското Езеро од месноста Пештани до Црквата Канео во Охрид, па назад до Охридското пристаниште.
Мојот јубилеј би сакал да го посветам кон хумани цели, поточно да ја подигнам свеста и да креирам подобри услови за лицата со атипичен развој и инвалидизираните лица во спортот и физичкото образование.
Заедно со вас и вашата поддршка ќе им дадеме можност на многу лица и деца да го достигнат својот потенцијал, да уживаат во благодетите од спортот и да имаат поисполнет живот“.
Сметка за донации:
ИТК Македонија – Скопје
Трансакциска Сметка: 500 00000 14054 60 / Банка: Стопанска Банка АД Битола
Адреса на Банка: Добривоје Радосављевиќ 21,7000 Битола – МКД
ЕДБ: 4057022558931 / ЕМБС: 7568584
Девизна Сметка – Account Name: ITK Macedonia – Skopje
IBAN / Account Number: MK07500722000011951; BIV / SWIFT CODE: STBBMK22