Планинарска тура Мусица


Крушевската природа, чистиот воздух и прекрасните пејсажи ве чекаат спремни за хајкинг тури на When in Krusevo 2024. Оваа година планинарската тура започнува од манастирот св. Преображение до врвот Мусица (1788 мнв), највисоката точка на Бушева планина каде сите авантуристи ќе уживаат во еден од најубавите погледи. Турата продолжува до планинарските домови, од каде полека се спуштаме и се враќаме назад.

ПРОГРАМА 06.07.2024:
• Организиран превоз од пред спомен куќа Тодор Проески, поаѓање 07.20h
• Максимален број за организиран превоз е 25 луѓе
• Втора опција е сопствен превоз. Патот е асфалтиран до самото место
• Почеток на турата од пред Манастирот св. Преображение во 07.45h.


ОПИС НА ТУРАТА:
• Турата е СРЕДНО/ЛЕСНА и е за сите љубители на планината кои имаат качено по некоја планина оваа пролет/лето.
• Од Манастирот св. Преображение до врвот Мусица се качуваат 300 м.н.в. (скоро пола Водно) и се изминуваат 3,5км
• Се спуштаме кон планинарските домови и полека се враќаме кон почетната точка со искачување од 150 м.н.в каде се изминуваат преостанатите 6км.
• Одењето со ранци не е повеќе од 3,5 часа (што ја прави лесна турата)

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
• Пријавување за организиран превоз на телефон 077 940 622 Елена (Местата се ограничени)
• Пријавување со сопствен превоз и потпишување на изјави во параглајдинг инфо центарот при подигање на пакетите
ВАЖНО: На планинарската тура учествуваат само оние кои купиле карта за When in Krusevo, односно добиле фестивалска алка. Секој кој не е пријавен и нема фестивалска алка ќе биде замолен да тргне пред групата и да не ја оптоварува.
УШТЕ ПОВАЖНО: По завршување на турата одиме сите на дневна журка на ски терените во АЛТО со најдобрите @Cyrillic.
ПОТРЕБНА ОБЛЕКА И ОПРЕМА:
• Разгазени планинарски чевли
• Планинарски стапчиња
• КАПА за сонце, кабаница, очила за сонце, крема со заштитен фактор.
ИСХРАНА:
• Секој сам си носи храна во ранец (суво овошје, сендвичи, жен-шен, електролити и сл.)
– вода 2л (има извор и обезбедена флаширана вода на стартот)
НАПОМЕНА :
• Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.
• Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
• Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку тој не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
• Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …