Сочни, меки и брзи за подготовка, овие мафини со тиквички се идеални за појадок, ужина или како прилог. Едноставни и полни со вкус, ги обожаваат и децата и возрасните!
Состојки;
2 јајца
200 г павлака
100 мл млеко
1 лажичка прашок за пециво
200 г пченкарно (или бело) брашно
200 г рендани тиквички
100 г рендано жолто сирење
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер
2 лажички маслиново масло
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Намастете калап за мафини со малку масло или обложете го со хартиени калапи за мафини. Во голем сад, изматете ги јајцата со павлаката и млекото. Додадете прашок за пециво, сол, бибер и маслиново масло, а потоа сè добро измешајте.
Измијте ги тиквичките, излупете ги (доколку сакате) и изрендајте ги. Додајте го во смесата и добро измешајте. Постепено додавајте го брашното, мешајќи постојано, додека не добиете густа смеса. На крај, додадете рендано жолто сирење и повторно добро измешајте сè.
Распоредете ја смесата во калапот за мафини, до 2/3 од висината на секој простор. Ставете во претходно загреана рерна и печете околу 20-25 минути, додека мафините не добијат златно-кафеава боја и не станат цврсти на допир. Оставете ги да се изладат неколку минути пред да ги извадите од калапот. Сервирајте топло или на собна температура.
Фото: Принтскрин/recepti