Панел дискусија по повод светскиот месец на аутизмот

Оваа година се одбележуваат 17 години како светот се бори за промени, разбирање и прифаќање на лицата со аутизам. Секој април Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ го одбележува Светскиот месец на аутизмот, почнувајќи со Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот одобрен од Обединетите нации на 02.04.2007 година под слоганот “ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ”.

Секој ден се трудиме да ја оправдаме нашата мисија, а посебно во текот на овој месец, се фокусираме на споделување приказни, совети, информации и обезбедување можности за зголемување на разбирањето и прифаќањето на луѓето со аутизам и поттикнување на светската поддршка.


За да помогнеме, чекор по чекор да се создаде општество во кое лицата со аутизам се целосно поддржани и инволвирани во сите сфери на општеството.

Упатуваме покана до сите кои ја споделуваат нашата визија да ни се придружат на нашето патување кон посветла, поинклузивна иднина.


Теми кои ќе бидат дискутирани:
1. Рани знаци и дијагностика на аутизмот – М-р Марија Бојаџи Љатко, Психолог
2. Медицински процедури и фармакотерапија кај аутизмот – Проф. Д-р Силвана Марковска Симоска, специјалист по детска и адолесцентна психијатрија
3. Аутизмот низ призма на родител – М-р Ана-Марија Циглељак Симоновска, родител на дете со аутизам
4. Ран третман и поддршка на поширокото семејство – М-р Ангела Чинговска, специјален едукатор и рехабилитатор

Дискусијата е наменета пред се за родители на деца со аутистичен спектар на нарушување, но доколку не сте родител на дете со аутизам, а сте заинтересирани за темите на панел дискусијата слободно може да се пријавите на на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSd…/viewform


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата позната пејачка Маја Оџаклиевска

Маја Оџаклиевска е родена на 21 април 1954 година во Скопје. Таа е позната македонска …