* Во светот се заразени повеќе од 7. милиони луѓе, се опоравиле скоро 3,5 милиони, а починале повеќе од 400.000
Додека во Европа полека се смирува, Јужна Америка станала ново жариште со епицентар во Бразил кои брои 685.427 случаи заразени со корона вирус 37.312 смртни случаи. Но, состојбата не е подобра ниту во Мексико и Панама.
Јужна Америка, а особено Бразил е нов глобален епицентар на зараза со корона вирус
Јужна Америка стана област со најголемо зголемување на случаи на коронавирус, при што Бразил има најголем број случаи, достигнувајќи вкупно 685.427 во недела, со вкупно 37.312 смртни случаи, соопшти бразилското Министерство за здравство. Бразилската влада ја смени формата на известување за овој тренд и во неделата објави само кумулативни бројки, а не бројот на нови случаи и смртни случаи во последните 24 часа.
Во саботата, латиноамериканската држава имаше вкупно 35.930 смртни случаи и 672.846 потврдени случаи на ковид-19.
Мексиканското Министерство за здравство, од друга страна, во неделата објави 3.484 нови случаи на коронавирус и 188 смртни случаи, со што вкупно достигнаа 117.103 инфекции и 13.699 смртни случаи во земјата. Владата соопшти дека реалниот број на заразени е значително поголем од потврдените случаи.
Бројот на ново потврдени случаи на коронавирус во Панама во неделата беше 16.425, што претставува зголемување од 421 претходниот ден, а бројот на загинати се искачи на 393, соопшти тамошната епидемиолошка служба.
Коронавирусот се рашири меѓу рударите во Полска
Рудник за јаглен во полскиот регион Горња Слешка е виновен за рекордното зголемување на бројот на ново заразени со коронавирус во земјата, објави во неделата полското Министерство за здравство, а пренесува Би-Би-Си. Во текот на викендот, регистрирани се 1.151 нови инфекции во земјата. Две третини од нив се рудари и нивните семејства. Станува збор за рудникот за јаглен „Зофиовка“ на југот на земјата. Во Полска, од ковид-19 починале 1.157 лица, а 26.561 се заразиле.
Повеќето членки на ЕУ регистрираа помалку нови случаи во неделата од Полска. Горна Шлезија е индустриско срце на Полска со повеќе од десетина активни рудници. Таму, повеќе од 4.000 луѓе се позитивни за коронавирус.
РЕГИОН
Словенија – 1.485
Хрватска – 2.247
БИХ – 2.606
Србија – 11.823
Македонија – 3.025
Црна Гора – 324
Албанија -1.246
Грција – 2.997
Бугарија – 2.727