* Во светот се заразени 6.455,108 лица, опоравени се 3.068,482 лица, а починале 382, 531
* САД и понатаму со најголем број на заболени – 1.881.205, а починале 108.059 лица, вчера – 1.569
* Бразил со повеќе од 558. илјади заболени, а починале 31.309 лица
Нов рекорден број на починати од Ковид-19 во Бразил
Во Бразил е регистриран рекорден број на смртни случаи за еден ден, соопшти бразилското Министерство за здравство, пренесува Ројтерс.
Епидемијата не покажува знаци на слабеење во оваа најголема земја во Латинска Америка, каде, во последните 24 часа, потврдени се 28.936 нови случаи на инфекција и 1.262 смртни случаи.
Вухан го завршил масовното тестирање на 11. милиони жители
Кинескиот град Вухан го заврши масовното тестирање на скоро сите 11. милиони луѓе за вирусот корона, во кој беа откриени 300. асимптоматски пренесувачи но нема активни случаи на Ковид 19.
Овие 300 лица кои немаат симптоми на инфекција биле испратени на изолација.
Англија: Повеќе починати од ковид меѓу малцинствата
Припадниците на етничките малцинства во Англија сразмерно повеќе починувале од нивните бели сонародници, според студијата објавена од здравствените власти.
Владата не понуди никакви решенија, што предизвика загриженост дека луѓето со црно, азиско и друго потекло од малцинството ќе продолжат да се соочуваат со несразмерен ризик доколку се појави втор бран на епидемијата на коронавирус.
Во Кина потврден уште еден случај на Ковид – 19 и 4. асимптоматски
Еден нов случај на коронавирус и четири асимптоматски случаи е забележан во Кина во последните 24 часа, објави денеска Кинеската здравствена комисија.
Според Комисијата, овој нов случај е увезен и станува збор за лице кое патувало во странство, пренесува Ројтерс.
Повеќе од 200.000 заразени во Индија
Бројот на заразени со коронавирус со вирус во Индија денес надмина 200.000, бидејќи се регистрирани уште 8.909 нови случаи на инфекција, соопшти Министерството за здравство.
Тоа е едно од најголемите дневни зголемувања на бројот на заразени, а врвот на епидемијата во втората најнаселена земја во светот би можел да биде оддалечен неколку недели, пренесува Ројтерс.
Италија од денес ги отвора границите
Денес, Италија ги отвора своите граници за туристите од повеќето други европски земји. Ограничувањата за патувања во земјата се укинати од полноќ, што значи дека повеќе од 60. милиони Италијанци можат слободно да се движат помеѓу различни региони.
“Ние сме соочени со пресметан ризик дека кривата на зараза може повторно да се зголеми. Ние мора да го прифатиме тоа. Инаку, никогаш нема да можеме повторно да се покренеме”, рекол премиерот Џузепе Конте во мај, најавувајќи олеснување на рестриктивните мерки.
Туризмот е од витално значење за италијанската економија, но беше запрен за време на пандемијата на коронавирус.
Некои знаменитости како Колосеумот во Рим се отворија последниве денови.
Италија беше една од најтешко погодените земји во Европа со повеќе од 230.000 случаи на инфекција и 33.500 смртни случаи од ефектите на КОВИД-19.
Со отворањето на регионалните граници, одредени области во Италија ја зајакнуваат контролата и мерките насочени кон спречување на ширење на вирусот со „следење на туристите“ со дигитални апликации, мерење на температурата со термички скенери, неопходни хотелски резервации и пополнување на прашалници по пристигнувањето.
РЕГИОН
Словенија – 1.475
Хрватска – 2.246
Србија – 11.454
БИХ – 2.535
Црна Гора – 324
Македонија – 2.391
Грција – 2.937
Албанија – 1.164
Бугарија – 2.560