ПАНДЕМИЈА НА КОРОНА ВО СВЕТОТ: До сега 6,720,124 лица заразени со новиот коронавирус а од нив оздравеле 3,263,932

* Во светот со корона вирус се заразени 6,720,124, починале 393.536, а опоравени се 3,263,932, има 393,536 починати
* Русија се заканува да биде ново жариште со 8,726 заразени во еден ден


Мексико го надмина САД по бројот на смртни случаи од последиците од коронавирусот на дневно ниво, откако вчера министерството за здравство регистрира рекордни 1.092 смртни случаи во таа земја. Тоа е повеќе од двојно од претходниот рекорден број жртви на дневно ниво, кој изнесуваше 501.
Во Шпанија вкупниот број починати од коронавирусот изнесува 27.133 лица, пет повеќе од претходниот ден.



Во Србија вчера беа регистрирани 48 нови случаи на ковид 19 , таму бројот на заразени се искачи на 11 571.
Во приватен дом за возрасни лица во Петроварадин-Нови Сад, регистрирано е присуство на вирусот кај 22 корисници и шест вработени, изјави претседателот на покраинската влада, Игор Мировиќ. Тој на прес-конференција рече дека станува збор за изолиран случај и дека нема потреба од паника.
– Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека регистриран е еден смртен случаи од ковид-19, односно 180 од почетокот на епидемијата, а позитивни се уште 15 лица, со што бројот на заразени се зголеми на 2.952 лица.


РЕГИОН

Словенија – 1.479
Хрватска – 2.247
БИХ – 2.594
Србија – 11.571
Црна Гора – 324
Македонија – 2.611
Албанија – 1.212
Бугарија – 2.627
Грција – 2.952


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Верни фанови – Познати личности на дебито на Дончиќ за Лејкерси: Адел, Рич Пол и Вил Ферел како поддржувачи во првиот ред

Лос Анџелес Лејкерс ја совладаа Јута Џез претходната вечер, а многу познати личности присуствуваа на …